Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Аирлија народе, во една рака имаме НАТО, во другата успешен попис

„ Народе мој, eте ова се гигантски остварени проекти, на дело! Да сме горди на себе, со право сме горди – за само три години, тоа што било невозможно со децении – денес се непрценливи вредности, во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!, кажа претседателот на СДСМ Зоран Заев од митингот во Гевгелија. Тој потсети дека денеска е денот кога се одржа референдумот за Преспанскиот договор.

-Денешниот датум сведочи дека оваа држава има прогресивен народ со прогресивно раководство кое го заложи политичкиот рејтинг за доброто на граѓаните. На овој ден беше референдумот со над 600 илјади граѓани кои заокружија за НАТО, за Преспа, за Европската унија. Повеќе гласови не собрала ниту една политичка идеја, изјави Заев.

Тој кажа дека три години подоцна сите граѓани заедно имаме голем заеднички успех, а тоа е, како што вели, успешниот попис кој вечерва заврши. 

-Вечерва во 20 часот заврши пописот, попишани се преку 99 проценти од граѓаните, односно над еден милион и 860 илјади граѓани, со што покажавме кој има капацитет, а кој нема капацитет, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

ДЕСК

Тепачка меѓу градежни работници во центарот на Скопје

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Прегазил малолетничка од Скопје и побегнал од местото на настанот

ДЕСК