23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре започнува аплицирањето за нови студентски стипендии и доставата на документи за продолжување на правото на тековните корисници

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, а согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2021 година.

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

Инаку, МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80%.
Дополнително, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити. Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.

МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

M T

Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за 2021/2022

M T

Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреди на избирачкото право

M T

Царовска: Студентските стипендии се зголемуваат на 6.050 денари

M T

Пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи почнува утре

M T