7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

661 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач. Од нив, 50 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 383 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

ДЕСК

Шукова најави Конгресен центар и нов саем во Скопје

ДЕСК

(ФОТО) КРИМИНАЛЦИ ПАДНАА ВО РАЦЕ НА ЦАРИНАТА: Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

ДЕСК