25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дебата на ТВ24: БРТ УТОПИЈА ИЛИ РЕАЛНОСТ? ШИЛЕГОВ И АРСОВСКА СЕ СУДРИЈА НА ПРВАТА ДЕБАТА ОД ИЗБОРИТЕ

На конкретното прашање од новинарите до кандидатите што ќе им понуди на граѓаните, кандидатката Данела Арсовска зборуваше за проблемите со јавниот превоз, без да изнесе конкретна понуда за решавање на проблемот. „Ние не треба да се фокусираме на проекти кои што ќе бидат утопија… алудирам на проекти од 100 милиони евра кои што не знаеме ниту дали се изводливи, за кои што не сме сигурни дали воопшто се изводливи, и ќе треба години додека финално не се изреализираат.“

Шилегов и реплицираше на Арсовска дека Брзиот јавен транспорт („бас рапид транзитот“) не е утопија туку реалност: „Европска банка за обнова и развој го одобри тој кредит, тоа е најзелениот кредит, и најзелениот проект, од ЕБРД… И тоа е единствен начин, каде што на три и пол минути ќе имате превозно средство, ќе знаете дека се движите 35 минути од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, ќе знаете да си го планирате времето… Она што 40 години во овој град беше зборувано, сега е во имплементација, распишан е тендерот. Не е утопија, сериозна реалност е јавниот транспорт до 2024… До 2024 ние ќе имаме брз, економичен, еколошки, евтин, прецизен јавен превоз“ – поентираше Петре Шилегов.