22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата

Соопштение на СДСМ:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници. Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.

Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори.

Можеби ќе ве интересира

Португалскиот министер за надворешни: Во политиката не е целта да се постигне се, туку она што е возможно

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: Имаме план за справување со блокадите на опозицијата

M T

СДСМ: Нема да дозволиме блокадите нарачани од Груевски да ја закочат државата

M T

Богданка Кузеска: Владата предводена од СДСМ најде начин да стави крај на блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ за личните карти

M T

Костадин Костадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ научени само да грабаат, не можат да враќаат пари кај граѓаните

M T