Од денеска функционира нова алатка, сојузник во борбата против корупцијата, која ќе можат граѓаните преку националниот портал е-услуги да одберат услуга или институција и да пратат порака која ќе стигне до нас или позадинскиот систем на институцијата со што ќе знаеме дека во АВРМ или катастар постојано заглавуваат едни исти предмети кај ист службеник или дел од службениците не ја вршат правилно работата во давањето услуги на граѓаните во даден рок, рече Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата во гостувањето на вестите на Сител.
-Ова е позитивен притисок до институциите и ќе се прават извештаи за успешноста при што граѓаните ќе можат и да го следат текот на решавањето на нивниот проблем, се со цел предметите да не се чуваат во фиоки, сега се е јавно и достапно. Очекувам резултати институциите да работат одговорно и по закон, да нема мито, а компаниите и граѓаните да бидат задоволни од резултатите и да не се жалат на резултатот и брзината. Има и телефонска линија, каде има опратори кои ќе го евидентираат проблемот и ќе се пристапи кон решавање, а ние ќе знаеме колку дена колку предмети се заглавени и сите ќе знаат која институција како постапува, појасни тој..
Николовски најави дека системот Е-инспектор наменет за пазарен, управен и трудов инспекторат е готов и дека се очекува да заврши пописот и 400 компјутери да бидат пренаменти за инспекторите.
-Од 1 Октомври да го најавиме и да почне да се применува. Тука се елиминира човечки фактор каде ќе се врши контрола и самиот софтвер ќе дава налози каде да се оди и запсиникот ќе се прави електронски и нема да има можност за допишување за да се избегне можната корупција кај инспекторите, не може некој кој законски работи постојано да има инспекции, а некој кој не работи по закон воопшто, рече Николовски.