26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

Вкупните депозити, во август, на годишна основа, се повисоки за 9,9%, при раст кај двата сектора – корпоративен и домаќинства, којшто е поистакнат кај корпоративниот сектор, информира НБРМ.

На годишно ниво, вкупните кредити, во август, бележат раст од 6,4%, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.