Во гостувањето на Телевизија 24, во емисијата „24 анализа“, новинарката Душица Мрѓа му го постави следното прашање на политичарот Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците:
„Како на вашите поддржувачи и симпатизери – што кога ќе се спомене Зијадин Села, првата асоцијација е вашето крваво лице, во бесознание, на подот во собранието на 27 април, и сите оние пораки што доаѓаа после тоа – ќе им порачате да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, на 17 октомври? Бидејќи, нели, не сте човек кој што би направил се за власт? Христијан Мицкоски не беше во собранието, меѓутоа беше пред собранието како дел од протестите на „Заедничка Македонија“.
Зијадин Села и возврати со прашање: „Ова прашање ви е од Артан Груби или од кого, бидејќи иста изјава имаше и тој…“
Новинарката неколку пати му укажа на Зијадин Села дека била навредена со таквата реплика и побара од него да и се извини: „Не можете да квалификувате новинари… Не ви дава никој за право на новинар да му кажете дека некој политичар му нарачал прашање…“, укажа Душица Мрѓа.