Правната служба и функционерите на ВМРО ДПМНЕ повторно затаија во познавањето на Законите во Македонија. Иако тие тврдеа дека Филипче требало оставка да поднесе до парламентот, сепак Законот вели поинаку. Најголемата опозициска партија уште еднаш покажа колку малку ги познава законите во својата држава.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување, објави Сител. Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.
-Прво и основно, членот на кој се повикува во Деловникот, тој член 184 не е основ за поднесување предлог за разрешување избрано и именувано лице од страна на Собранието. Член 184 се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување. Што се однесува до оставката на избрано, именувано лице, особено на член на Владата, тој оставката ја поднесува до мандатарот, до премиерот зашто надлежноста на Владата, како предлог на Влада е на премиерот, односно мандатарот и до него се поднесуваат оставките. Доколку ги прифати оставките ги доставува Собранието за понатамошна постапка. Го известува Собранието дека НН лице, член на Влада поднел оставка и таа оставка се доставува до Собранието, а на прва наредна седница се констатира престанок на функцијата на дотичното лице.
Во однос на ултиматимот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе предлог-одлука за разрешување доколку Филипче самиот не ја достави оставката до Собранието, Џафери вели дека пратениците може да достават само иницијатива за интерпелација. Според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.
-Јас не можам да ја процесиурам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот, рече Џафери за Сител.
СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот, и никој во неговата партија нема поим ни од право ни од политика
Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право, велат пд СДСМ.
– Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.
Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.
На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози.
Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите, соопштија од владејачката партија.