2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Експресни железнички линии меѓу главните градови на Балканот до 2026

Владата денеска го овласти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, да ја потпише декларацијата со назив „Самит на министри посветен на железниците – Пругите се иднината“.

Претстојниот самит ќе се одржи во организација на Постојниот секретаријат на транспортната заедница, во соработка со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, информираат од владината прес-служба.

Декларација што ќе ја потпише Бочварски, меѓу другото, предвидува повторно воспоставување директни меѓуградски експресни возни врски помеѓу главните градови на Западен Балкан и ЕУ за да се воспостави подобра поврзаност за деловните субјекти и луѓето, дигитализација на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување размена на податоци за прекуграничен превоз на патници и товарен транспорт до крајот на 2025 година.

Исто така, се предивидува и склучување договори One Stop Go меѓу сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ за сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година со цел да се олеснат процедурите за граничен премин за патници и товар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +