На Клиниката ТОАРИЛУЦ денеска е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот преку својот фејсбук-профил објави дека станува збор за сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода добила скршеница на десната бутна коска, а поради незараснување на скршеницата, имала потреба од трансплатација на коскено ткиво.
Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеца беше трансплантирана коска кај млада пациентка што се лекува од малигна болест на коските.
Филипче искажа благодароност до семејството на донорот за нивниот хуман гест и до тимот на лекари што ја направија трансплантацијата, а на пациентката ѝ посака брзо закрепнување.