Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на бруто-домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Според него, ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти.
„Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година , со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти. Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината. Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари“, рече Митрески.