Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

442 санкции за брзо возење (Видео)

Во текот на вчерашниот ден (06.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 442 возачи. Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 238 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК