22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Биткоинот се приближи на вредност од 52.000 долари

Цената на најпопуларната светска криптовалута, биткоин, продолжи да расте и денес, откако во неделата го надмина нивото од 50.000 долари.

Биткоинот се тргуваше по 51,843 американски долари по монета утрово до 8 часот по средноевропско време, што претставува зголемување од речиси 4 проценти во однос на претходниот ден.

Виртуелната монета зајакна за вкупно 81 отсто од годинешниот минимум од 27.734 долари, забележан на 4 јануари, пренесува „Раша тудеј“.

Аналитичарите велат дека порастот над клучното психолошко ниво од 50.000 американски долари дојде откако упатените од индустријата за криптовалути сугерираа дека податоците за инвестициите на големите компании и институционалните инвеститори во набавки на биткоин би можеле да бидат јавно објавени наскоро.

Глобалната капитализација на пазарот за криптовалути денес изнесува 2,34 трилиони долари, според порталот moneycontrol.com, што претставува зголемување од 2,79 проценти на дневна основа, додека вкупниот обем на тргување падна за 6,37 проценти во последните 24 часа, на 118,20 милијарди долари.

Исто така, Ethereum денес забележа пораст на вредноста од 0,6 проценти на 3.920,56 долари.

Можеби ќе ве интересира

Биткоинот падна на најниско ниво од јануари

M T

Биткоинот достигна нов историски рекорд – вреди над 60 илјади долари

M T

Биткоинот за прв пат од април – речиси 60.000 долари

M T

Биткоинот падна на 32.000 УСД: Криптовалутите денес повторно во пад

M T

Човекот кој предвиде колапс на пазарот на недвижнини, најавува колапс на криптовалутите

CENTAR MKD