Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Безбедни на училиште – Град Скопје со кампања за заштита од Ковид

Во пресрет на новата учебна година, Град Скопје со помош од збратимениот град Нирнберг подготви кампања за безбедност во училиштата. Со цел да се подигне јавната свест кај учениците и да се почитува протоколот за заштита од Ковид 19, беа изработени неколку анимации и постери кои на едноставен начин советуваат како најлесно и практично да се заштитат себеси и луѓето околу нив.

Со физичкото присуство за време на наставата најважно е да се почитуваат зададените мерки од јавните медицински институции со цел спречување и ширење на пандемијата што трае веќе втора година, кај нас и во светот.

Одржување дистанца, миење раце и носење маска се основните и најважни мерки што треба секојдневно да се почитуваат за време на училишните часови, но и вон нив, затоа што само заедно и одговорно можеме да се бориме против оваа пандемија.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

ДЕСК

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

ДЕСК

Започна реконструкција на дел од улицата “Јуриј Гагарин” во Козле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.