23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев и Николовски на увид во изградбата на биогасна електрана во Лозово

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски и со градоначалникот на Општина Лозово и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, денеска ја посети биогасната електрана во изградба во Сарамзалино.

Вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6.000.000 евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори ќе ја задоволи потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите по повод посетата на инвестицијата истакна дека биогасната електрана Сарамзалино постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори.

„Уште два фактора се вклопуваат во нашите заложба: Приватната иницијатива да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, и дополнителната вредност на овој проект како ресурси за оваа електрана да се користат ресурси, односно биомаса од сопствено производство и преку развивање на соработка со локалните земјоделци, фармери и преработувачи на храна и земјоделски продукти“, нагласи Заев.

Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година, и во оваа фаза се во тек градежните работи на опремата за обработка за биомасата и за биогас, по што ќе следува монтажата на генераторските единици, а пуштањето во употреба на електраната е предвидено за април наредната година.

„Оваа инвестиција станува дел од зголемувањето на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори согласно енергетската стратегија на државата, и учествува во поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните фармери и стопанства“, потенцираше премиерот.

Што се однесува до сопственото земјоделското производство, компанијата веќе има обезбедено државно земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра.

Заменик-претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го издвои учеството на овој проект од аспект на рамномерен регионален развој што е особено значајно за овој регион кој во претходните години беше запоставуван или беше жртва на погрешни „Субрата Рој“ политики.

„Што се однесува до сопственото земјоделското производство, во соработка со Владата и локалната самоуправа на инвеститорот му е отстапено државно земјоделско земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување. Инвестициониот циклус во земјоделието е започнат во 2021 година, до сега се инвестирани над 200.000 евра и се планира да се заврши до 2024 година со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра. Тоа е од огромно значење на локалното население кое е претежно ориентирани кон земјоделството“, нагласи Николовски.

Градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски информираше дека општината ја прифати и максимално ја поддржа оваа инвестиција како особено значајна од повеќе аспекти за Лозово и за жителите на оваа општина, и во соработка со Владата ја обезбеди сета административна постапка за нејзина непречена реализација.

На настанот, се обрати и сопственикот на „Био Ентерпрајс“ како инвеститор на биогасната електрана Сарамзалино Петар Спасески кој информираше дека во општината и во Владата имале одличен соговорник и партнер за реализација на инвестицијата во сите фази и додаде дека со неа се отворени уште многу други можности за дополнителни инвестиции во земјоделството и спа туризмот.