Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еден загинат и седуммина повредени во сообраќајката кон Стража

Во сообраќајката која вчера попладне се случила на патот кон Стража едно лице починало на местото на несреќата, а седуммина повредени се пренесени во болницата во Гостивар, соопшти МВР. Во прекин е сообраќајот во двете насоки.

„на 4 септември колу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес’, патничко возило ’бмв’ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската Општа болница ’Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка

ДЕСК

ДУИ: Владата веднаш да го укине антиуставната и незаконската одлука што ги дискриминира општините и ја исклучува дијаспората

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари

ДЕСК