Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Човек пронајден починат кај охридското село Лескоец

Тело на починат маж било пронајдено во охридското село Лескоец, соопшти полицијата.

„На 03.09.2021 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во сeлото Лескоец на место викано „Горно Трно” било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка кај Гарани – има загинат

ДЕСК

Му се заканувале на пратеник преку апликација на социјална мрежа – полицијата напиша кривични

ДЕСК

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

ДЕСК