9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: 130 милиони денари за фекална и атмосферска канализација во Гостивар

Денеска министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши извршија увид во градежните активности за изградба на фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во општина Гостивар. Од Демократската Унија за Интеграција велат дека со овие капитални инвестиции ќе го подигнат квалитетот на живеење, дека инвестираат во заштитата на животната средина, и се грижат за секој граѓанин, бидејќи секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба.

„ ДУИ оценува дека средствата, од околу 130 милиони денари, за овој проект се обезбедени од буџетот на Министертството за животна средина и просторно планирање, и треба да опслужи за 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар, додека вкупната должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 км, вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км, и со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2.4 км додека од буџетот за 2021 година, се предвидени и 6.000.000 денари за изградба на канализациски систем за населените места Чајле, Форина, Млаки и Зона 7“ соопшти партијата.

ДУИ заклучува дека со оглед на важноста на депонијата Русино за граѓаните на Гостивар и Полошкиот регион, брзите мерки во Русино се веќе реализирани и најавено е и втората фаза на проектот, за која се обезбедени дополнителни средства како грант во износ од 6.000.000,00 CHF од Владата на Швајцарија како и 17.370.614,00 евра заем од ЕБОР за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во сите општини на Полошкиот регион.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК