Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 100.000 швајцарски франци во автобус на Деве Баир, возачот ги криел во џеб

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори пронајдоа 100.000 швајцарски франци.

Според информациите на Царинската урава, на ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.

При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Парите се одземени, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира

Се судрија цивилно и полициско возило, има повредени

ДЕСК

Се судрија камион и трактор, има повредени во Виничко

ДЕСК

18. годишна девојка со мерцедес излета од патот, со тешки повредени пренесена во болница

ДЕСК