Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Јагода Шахпаска на средба со Рене Шлее​, новиот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, одржа средба со новоизбраниот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија, Рене Шлее.​
Активностите на оваа политичка фондација се темелат врз основните идеи и вредности на социјалдемократијата – слобода, правда и солидарност.

„Нашата соработка со ФЕС значи квалитетен дијалог и размена на искуства, од области поврзани со права на работниците, социјален дијалог, родови прашања. Во моментов ја подготвуваме Националната стратегија за безбедност и здравје при работа, Акцискиот план за нејзина имплементација и новиот Закон за безбедност и здравје при работа. Вашата поддршка и совети се добредојдени и верувам дека нашата соработка ќе продолжи да се зајакнува“, рече Шахпаска на сосотанокот.

ФЕС ги поврзува клучните чинители и актери во областа на меѓународната соработка и затоа дијалогот, програмите, дебатите во Северна Македонија придонесуваат за квалитетна политичката анализа и дискусии во областа на политиката, социјалниот дијалог, образованието и родовите прашања.

„Ја поздравуваме вашата посветена работа во подготвувањето на нови, подобрени закони, како што е Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за работни односи. Нашата поддршка и соработка ќе продолжи, секогаш во насока на развој на демократските вредности, еднаквоста, социјалниот дијалог“, изјави на состанокот директорот Рене Шлее.

Министерката истакна дека Фондацијата Фридрих Еберт има исклучителна улога во меѓународната соработка на нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК