Силното невреме предизвика поплави, паднати дрвја, прекини на електричната енергија и сериозни проблеми во транспортот во повеќе делови од Грција. На Евија се излеа реката Киреас, а привремен мост кај Политика се урнал.
На Скијатос водата однела автомобили и поплавила домови и деловни објекти. Затворени се училишта во повеќе островски региони, а силниот ветер доведе и до ограничувања во траектниот сообраќај.


