6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието од 1 септември ќе продолжи со незавршените седници, а нова пленарна ќе биде свикана за две недели

Денеска во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав.

На средбата беше договорено, оваа недела, односно на 1 септември, Собранието да продолжи со преостанатите, незавршени седници. Следната нова пленарна седница, претседателот Талат Џафери ќе ја свика на 14 септември.

Џафери замоли да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Маж кој исчезна во Скопје пронајден од страна на полициски службеници

ДЕСК

Нов инцидент во познат локал во центарот на Скопје

ДЕСК

Исчезна 12 годишно девојче од Скопје – Полицијата во потрага

ДЕСК