29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Честитка на премиерот Зоран Заев по повод Денот на рударите

Честитка на премиерот Зоран Заев по повод Денот на рударите:

Денеска е Ден на рударите, ден кога со посебно и достојно внимание им оддаваме почит на трудот и макотрпната работа на нашите работници во рударскиот сектор.

Рударството е еден од главните двигатели на нашата економија. Со преку 100 активни рудници, заедно со придружните дејности што го опслужуваат, овој сектор вработува околу 10.000 луѓе и учествува со нешто повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на Република Северна Македонија.

Во име на почитта и признанието за тешката работа на рударите, оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години.

Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор кој учествува како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите!

Нека е честит и вековит 28 август, Денот на рударите!