5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велосипедист тешко повреден по удар од автомобил, сторителот избегал

35-годишен велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди по удар од автомобил а сторителот побегнал, соопшти полицијата.

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на крстосница на ул.„1“ со ул.„2“ во с.Бразда, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавно соочување за Вардариште

C +

Законот е јасен: АНБ ги декласифицира документите!

C +

Нема активни пожари во државата, еден под контрола, изгаснати 22

C +