8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Отвораме пат за конфискација на нeлегално стекнат имот!

Фејсбук статус на вицепремиерот Љупчо Николовски:

За прв пат во нашата историја воведуваме правична и праведна контрола врз капиталот, отвораме пат за конфискација на нeлегално стекнат имот!
Предолго незаконски се имаат богатено огромен број луѓе со реални, вистински пари кои дошле од џебот на граѓаните.

По состанокот на кој ја дискутиравме првата нацрт-верзија на Законот за потекло на имот можам да кажам дека правиме огромен чекор напред кон правна и праведна држава во која ќе е гордост да се живее и делува!

Меѓу другото:

• се проширува временскиот опфат, Законот ќе важи за сегашни, но и минати функционери;

• се проширува увидот во потеклото на имотот и на граѓани кои не се носители на функција;

• прагот е јасен – секој што има разлика во имотот поголем од пријавените оданочени приходи, треба да докаже како истите ги заработил или имотот да се конфискува во граѓанска постапка;

• јасно се дефинирани институционалните задолженија и ингеренции од експертската работна група вклучена во подготовката на законскиот текст, составена од членови од Совет на Европа, антикорупциските институции, ОЈО за гонење организиран криминал и други.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.