23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Системот на безбедност е еден од темелните столбови на секое општество

Системот на безбедност е еден од темелните столбови на секое општество. Во тој систем полицијата, преку нејзината поставеност, функционалност и ефикасност, е клучниот системско-институционален инструмент за остварување на целите на безбедноста: заштита на слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата, истакна премиерот Зоран Заев на настан посветен на јубилејот – 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување во рамките на Министерството за внатрешни работи.

„ Единицата за брзо распоредување, позната како ЕБР, за само две децении израсна во суштински неопходна полициска формација, примарно во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување. Како еден од суштинските полициски механизми на безбедносниот систем, ЕБР отворено и динамично ги прифати сите неопходни реформи и трансформации и денес е еден од носечките столбови во севкупниот полицискиот систем на функционирање. ЕБР денес е високопрофесионална единица, соодветно прилагодена на потребите и целите на полициското работење со континуирано изразена подготвеност за нови знаења, вештини и уште повисоки дострели.

Во непосредно изминатиот период бевме сведоци кога должноста да заштитат и да им служат на граѓаните и на заедницата, членовите на ЕБР ја покажаа на најсилен начин за време на пожарите кога во рамките на севкупниот систем за заштита и спасување се втурнаа во справување со огнената стихија и презедоа и учествуваа во неколку спасувачки акции“ рече Заев.

Тој нагласи дека посветеноста и подготвеноста на Единицата за брзо распоредување е збир од поединечната посветеност на секој припадник на оваа единица кои достојно ја носат униформата која е синоним за крајно високи вештини и етика.

„ Заради сите овие постигнувања во текот на изминатите 20 години, убеден сум дека ЕБР ќе продолжи и во наредните децении да се развива како високо мотивирана, врвно организирана и професионална служба, која, заедно со сите останати сегменти на нашиот безбедносен систем, ќе биде гарант за јавниот мир и за безбедноста на граѓаните според моделите на сродните европски полициски единици“ додаде Заев.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T