23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на НДИ до Заев: Вистинско лидерство во време на криза

Претседателот на Националниот демократски институт (НДИ), Дерек Мичел го поздравува потегот на премиерот Заев, Северна Македонија да прими дел авганистански цивили и нагласува дека таквото лидерство и солидарноста на Заев, е она што се бара во време на криза.

-Националниот демократски институт (НДИ) го поздравува премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза“, напиша на Твитер претседателот на НДИ Дерек Мичел.

Заев претходно рече дека ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи од сите земји во светот.

-Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан. Подготвени сме да обезбедиме сместување во хотели и одморалишта за што оперативата и трошоците за време на нивниот престој, до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД, рече Заев.

Претходно и поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.