8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Починати маж и жена пронајдени во куќа во Табановце

Утрово се пронајдени маж и жена починати во семејна куќа во селото Табановце во Куманово.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во куќата каде утринава беа пронајдени телата на двете починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.​

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

ДЕСК

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК