24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двe лица од Албанија се сомничат дека го предизвикале пожарот во Дебарско

Полицијата поднесе кривична пријава за предизвикување на шумскиот пожар во Дебарско против двајца албански државјани.

„Одделението за внатрешни работи Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за предизвикување шумски пожар, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик“, информираа од МВР.

Пожарот на подрачјето на Дебарско избувна на 13 август.