Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жена од Тетово надитри измамник – ѝ барал 30.000 евра преку телефон со лажна информација дека нејзината ќерка прегазила дете

На 10.11.2025 во 21:40 часот во СВР Тетово, 53-годишна жена од тетовско пријави дека едно женско лице се обидело да ја измами за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, женското лице ја контактирало телефонски и се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила осумгодишно дете, но доколку сака настанот да не го пријават во полиција требало да плати 30.00 евра и да не кажува никому.

Како што е пријавено, жената веднаш ја барала нејзината ќерка и сфатила дека лицето с еобидело да ја измами и случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК