24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е заглавен во етнички поделби, бегањето од прославата за Рамковниот договор е политичко лицемерие

Охридскиот рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници. Жалиме што и по 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски сè уште се обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруваат преку сеење поделба меѓу граѓаните, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот ефект во црните страни на нашата понова историја. Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии.

Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ. Бегањето од одбележување на 20-годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште е заглавена во поделбите по етнички линии.

„Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики. Македонските национални интереси не се штитат со бегање, туку со решавање на проблемите.

Ако политичкиот пироман Христијан Мицкоски не е свесен дека сме полноправна членка на НАТО-алијансата ќе го освестат граѓаните кои ќе го казнат на претстојните локални избори“, се наведува во партиското соопштение.