Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

208 сообраќајни санкции во Скопје, 74 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 21 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, 54 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење во Скопје – Уапсено лице осудено на 9 години затвор

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК