8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата закажа седница за во 14 часот

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео конференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 94-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Министерството за образование и наука, на седницата ќе бидат ставени за разгледување предлог-уредбите за: методологијата за утврдување критериуми за распределба на наменски дотации и блок дотации за основното образование и средното образование, по општини за 2022 година, како и за методологијата за утврдување критериуми за распределба на блок дотациите за јавните установи за деца – детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2022 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика.

Меѓу другото на дневен ред за разгледување е и Информацијата за реализација на Акцискиот план за статус на проектите финансирани во рамки на ИПА 2 Годишна програма за 2017 „ЕУ Поддршка за образование, вработување и социјална политика“ на Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, која е закажана со почеток во 14:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можеби ќе ве интересира

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

ДЕСК

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Се апси на неколку локации низ градот и околината

ДЕСК

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК