8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптери непрекинато учествуваат во гасењето на пожарот и ставање под контрола, додека во исто време уште еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање. Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент.

Ова како што информираат од Министерството за одбрана било констатирано на утринскиот итен состанок на министерката Радмила Шекеринска со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и армискиот врв, за координација на учеството на Армијата во справувањето со пожарите.

Вчеравечер, додаваат од министерството, по издадената наредба од Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените Сили Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите кои се присутни на територијата на Републиката.

„Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман со ангажирање на потребен број на персонал и средства при што во доцните вечерни часови стотина армиски припадници се вклучија во гаснењето на пожарот кај Кочани, додека од раните утрински часови потребен број на припадници на армијата се вклучија во гасење на активниот пожар во реонот на Делчево и Пехчево“, се потенцира во писменото соопштение од Министерството за одбрана.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК