23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надоместок од 9.242 денари

„Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог – законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34% од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година, ќе добиваат 1100 нови стечајни работници.

„Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека Предлог законот е дел од решавање на прашањето на стечајците, кое се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.

„Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните се цел да се опфати што е можно поголем број на лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните“, рече Шахпаска. ​
Предлог законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови .

Можеби ќе ве интересира

Илиевски: Продолжуваме да го унапредуваме статусот на кумановските стечајци

M T

Лидија Тасевска: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари, се грижиме за сите

M T

МТСП: Ги повикуваме стечајните работници кои ги исполнуваат условите од новиот Закон за стечајци во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

M T

СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен финансиски надоместок

M T

Заев: 1.100 стечајци ќе можат да добијат надоместок од 9.242 денари сè до нивно вработување или пензионирање

M T

Заев: Стечајците без 15 години стаж ќе добијат паричен надоместок

CENTAR MKD