23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот

Собранието попладнево со 56 гласа „за“ и 37 „против“ го донесе ребаланост на буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.

Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се речиси 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари, односно речиси 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милијарди денари и се речиси една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Другите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.

Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за речиси 21 милијарда денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

На расходната страна на буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници, без да се наруши нивното редовно намирување на обврските.

Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската кризата, а кои ќе се финансираат преку категоријата субвенции и трансфери и преку капитални расходи.

Стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процента.

Со ребалансот се обезбедени финансиски средства за исплата на регрес на годишен одмор во согласност со гранскиот колективен договор за државните институции, како и дополнителни средства во здравствениот сектор за активности што директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови и вакцини за имунизација на населението.

Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на буџетот и во текот на денешната расправа останаа непроменети. За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

M T

СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, СДСМ работи за граѓаните

M T

СДСМ: Неуспешна е блокадата и неиспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги правда деструкциите во Собранието

M T

СДСМ: Собранието ги изгласа законските измени, следува реализација на владините антикризни мерки

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

M T