22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата Мини Шенген, каде учествуваaт и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама.

Во обраќањето на форумот, Вучиќ посочи дека лидерите на трите земји одлучиле погледот кон минатото да го свртат кон иднината и да размислуваат за идните генерации.

„Ние секако дека сме на европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, изјави претседателот на Србија на Економскиот форум додавајќи дека на политичарите од регионот им е важно на своите граѓани да им покажат дека се во состојба да носат самостојни одлуки.

Вучиќ додаде дека со оваа иницијатива се докажува оти Србија, Македонија и Албанија покажуваат дека се способни да си помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1 јануари 2023 година нема да има граници меѓу нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент“, истакна српскиот претседател.

Ова го потврди и премиерот, Зоран Заев, кој кажа дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан.

„Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко. Второ, да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги преку заемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интеркомпаниски трансфери. Трето, да го прошириме слободното движење на граѓаните преку овозможување мобилност на студенти, научници“, нагласи Заев додавајќи дека денеска ќе бидат потпишани три важни договори во таа насока.

Можеби ќе ве интересира

Отворен форумот за локални практики во филмската дејност

M T

Вучиќ најави дека Србија би можела да и’ помогне на Македонија со струја и храна ако се продлабочи кризата

M T

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Форумот за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин, Естонија

M T

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Форумот ГлобСек 2022 во Братислава

M T

Министерот Спасовски на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан во во Брдо кај Крањ

M T

Вучиќ изрази сочувство за несреќата: Не постојат зборови што би ја опишале болката

M T