22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ стои на браникот на криминалот, СДСМ гради правна држава во која законите важат еднакво за сите

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ:

Додека ВМРО-ДПМНЕ стои на браникот на криминалот, СДСМ гради правна држава во која законите важат еднакво за сите

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и корупција, за режим со кој 11 години бесрамно ги грабаше народните пари, додека граѓаните тонеа во сиромаштија.

И сега во Белата палата седат истите луѓе кои систематски, со тајни криминални зделки ги пренасочуваа парите на граѓаните на свои лични сметки.

Партијата која кога „немаше за леб, купуваше чоколадо“ е последна што може да зборува за правда, за борба против криминал и корупција.

За разлика од нив, СДСМ е силно посветена на ефикасна и неселективна броба против секој вид на криминал и корупција.

Прочистувањето на правосудството, зголемувањетo на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите и унапредувањето на системот за јавни набавки се важни процеси за зајакнување на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата.

По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.

Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите.