Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж загина во сообраќајна несреќа, со возило излета од патот

Триесет и двегодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа синоќа на локалниот пат ‘Ржаничино – Таор.

„Патничко возило ‘хонда’, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Б. (32) од Скопје, излетало од патот. Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.