23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Тасевска: Средствата за активни мерки за вработување со ребалансот на буџетот се предвидени на историски највисоки 1.66 милијарди денари

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамките на собраниската расправа посветена на предложениот ребаланс на буџетот за 2021 година истакна дека клучни природата остануваат здравјето на граѓаните, економијата со стабилни параметри и здрави финансии.

Ребалансот на буџетот за 2021 година е одраз на актуелните економски состојби во државата, со него продолжува финансискиот стимул како за компаниите така и за граѓаните, до целосно враќање на економијата на патот на економскиот раст, како и инвестирањето во трајни добра, особено во реализација капитални инфраструктурни проекти, порача Тасевска.

Таа истакна дека проекциите за приходите се направени врз основа на реализацијата на приходите за тековната година, очекувањата за економските остварувања во 2021 година, промени во даночната област, проширување на даночниот опфат, како и олеснети и поедноставени административни трошоци.

Даночните приходи учествуваат во структурата на вкупните приходи, со 55,7 проценти, односно е се за 6 милијарди денари повеќе во однос на иницијалниот буџет, нагласи Тасевска.

Таа истакна дека со предложениот ребаланс се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечкиот капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за половина милијарда евра.

За само три години имаме зголемување на инвестициите во човечкиот капитал од над 30 милијарди денари или над половина милијарда евра, нагласи Тасевска.

Таа порача дека годинава ги зголемуваме средства за активни мерки за вработување од 1.3 милијарди денари, на историски највисоките 1.66 милијарди денари, а за споредба, во 2016 година од буџетот за оваа намена биле издвоени само 530 милиони денари или три пати пониско.

Тасевска истакна дека со ребалансот на буџетот за образование издвојуваме 28,6 милијарди денари, или за 3 милијарди повеќе во однос на буџетот од 2018 година, за здравството 46,7 милијарди денари, што е за 14 милијарди повеќе во однос на 2018 година и за социјалната заштита 91,8 милијарди или 16,6 милијарди денари повеќе од пред три години.

Во ребалансот на буџетот се предвидени 615 милиони денари за кредити со нула каматна стапка за најпогодените компании од кризата, кредитна гарантна шема од 300 милиони денари, формирање фонд за поддршка на извозни компании во износ од 610 милиони денари, капитални инвестиции преку ИПАРД програмата за рурален развој од 500 милиони денари, наведе Тасевска.

Вкупната поддршка ќе обезбеди заздравување на економијата и нејзино враќање на патот на економскиот раст и достигнување на планираните стапки од 4,1 проценти, порача пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

Можеби ќе ве интересира

Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги интересираат работниците, не гласаа за недела неработен ден

M T