22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Во Општина Бутел за една година ќе никне нова градинка која ќе згрижи 90 деца

Во скопската Општина Бутел за една година ќе никне нова детска градинка. Од први август започнува изградбата на новиот објект „Свети Климент Охридски“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“. Граѓаните на Бутел ќе можат да ги згрижуваат своите најмили, уште од најраната возраст. Во градинката која треба да биде завршена до септември 2022 година ќе има место за 90 деца.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по покана на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска направи обиколка на местото каде што треба да биде новата детска градинка.

„Услугите за најмалите секогаш ни се прво место. Се надевам со новиот објект на веќе постојната детска градина, односно со зголемувањето на капацитетот и опфатот ќе бидат задоволени потребите на граѓаните на општината. Бидејќи веќе се обезбедени средства за нејзината изградба, Министерството за труд и социјална политика може да се вклучи во нејзиното опремување“, рече министерката Шахпаска.

Според градоначалникот Смилевски објектот ќе се гради на 400 метри квадратни во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“.

„За изградба на новиот објект за децата од предучилишна возраст средствата ги обезбедивме од ТАВ-програмата за инфраструктурни проекти, а секако дека ќе аплицираме и до Министерството за труд и социјална политика за да ни помогне во уредувањето на внатрешниот ентериер на новата детска градинка во нашата општина“, рече Смилевски.

Од програмата на ТАВ за инфраструктурни проекти, за новата градинка во Бутел обезбедени се околу 42 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Четири лица, меѓу кои и дете се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила и камион на локалниот пат кон Бутел

M T

Шилегов во Бутел: Ова е општина што најбрзо се развива во Скопје

M T

Автомобил прегази жена во Бутел и избега од местото

M T

Шахпаска: Јосифово добива целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца

M T