22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За заштита од африканската чума кај свињите, Европската агенција за безбедност на храната со кампања во нови земји

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) ги засилува своите напори да го запре ширењето на африканската чума кај свињите во Европа со проширување на својата кампања во уште девет земји.

Минатото лето Агенцијата почна голема кампања за подигнување на свеста за болеста во Југоисточна Европа. Кампањата беше спроведена во партнерство со локалните власти во земјите што го сочинуваат регионот за загриженост – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија – поради нивната близина со земјите каде што е присутна африканската чума кај свињите.

Од Агенцијата информираат дека сега ја прошируваат кампањата – првенствено насочена кон земјоделците – во Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и во Романија.

Николаус Криз, раководител на Единицата за здравје на животни и растенија на EFSA, изјави: „Како научна организација работиме неуморно на давањето процени и препораки, што може да им помогнат на земјите зафатени од африканската чума кај свињите за да ги заштитат своите животни и економии“.

„Минатата година решивме да се насочиме во таа насока и да прикажеме дека EFSA е посветена кон помагање на земјоделците и другите што живеат во сенка на оваа страшна болест. Кампањата беше добро прифатена во првата фаза на земји и сега одиме понатаму со нашата порака за откривање, спречување и пријавување. Кампањата ги надополнува тековните напори на Европската комисија и на другите меѓународни организации, насочени кон искоренување на болеста во Европа“, рече тој.

Африканската чума кај свињите е вирусно заболување што влијае врз домашните и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но предизвика значителни економски нарушувања во многу земји. Не постојат вакцини, па епидемијата во зафатените области може да наметне колење голем број свињи што се чуваат на фарми.

Кампањата има цел да ги подигне свеста и разбирањето за африканската чума кај свињите во сите 18 земји и е насочена кон групи луѓе и поединци што стапуваат во контакт со домашни и диви свињи, особено кон одгледувачите на свињи. Таа се спроведува со помош од локалните ветеринарни организации, земјоделски здруженија, ловечки здруженија, граничната полиција и други релевантни тела, напоменуваат од Агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА И ОТПОРНА НА ЛЕКОВИ! Оваа сексуално пренослива болест мутира и се шири во Европа! ВНИМАВАЈТЕ!

M T

Ако се плашите дека ви прават скринови од екранот на WhatsApp, ќе ви се допадне новата опција

M T

Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите

M T

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

M T

Без адитиви, потполно природно: Направете сами средство за заштита од комарци

M T

НУРЕДИНИ: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

M T