23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кога Мицкоски ветува пари за граѓаните, дали мисли на украдените милијарди или на препишаните проекти?

Најлутите политички противници застанаа зад исто ветување – пари назад кон граѓаните. Она што беше водечка идеја од областа на економијата во програмата на социјалдемократите „За живот за сите“, сега на партиската трибина „Македонија за сите луѓе“ ја вети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сепак, од неговото обраќање, може да се заклучи дека тој парите би ги враќал кон граѓаните на начин од кој директен бенефит нема да се почувствува, туку тие би се дистрибуирале назад преку, како што ветува Мицкоски, проекти кои би го подобрувале животниот стандард, пишува Фронтлајн.мк.

„Ги намалуваме трошоците за поголем семеен буџет“, гласеше поглавјето од програмата на СДСМ, во кое беа наведени враќањето на ДДВ, фер даноци, намалување на јавните давачки, укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината тарифа на струјата и друго. Четири години подоцна премиерот Зоран Заев се пофали дека годишно се враќаат по 800 милиони евра назад кон граѓаните.

Целиот текст на Фронтлајн.мк