22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Во 2020 година имало само 125 жртви во сообраќајки, а тоа е најмалата бројка од  1990 година

Една од стратешките цели на МВР е поголема безбедност во сообраќајот, помалку жртви и повредени, а на сето тоа мора да работиме заедно, тоа не е работа само на една институвија туку на цел систем, рече во гостувањето на МТВ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
 
-Ако сакаме да имаме подбра безбедност во сообраќајот мора да сме партнери со РСБСП , со граѓаните, со министерството за транспорт како и со медиумите. Со тоа се јакне јавната свест, работевме неколку акции за превенција со РСБСБ, можам да ја посочам онаа со која испраќаме апел до граѓаните да возат одморени, колку заморот влијае на сообраќајните незгоди, особено во летниот период, и токму заради тоа како на пример на туристите на граничните премини се дела флаери со мотивација да паузираат, затоа се дели вода, купони за кафе итн, појасни Спасовски.
 
Тој порача дека зголемени контроли на полицијата ќе продолжат, за таа цел набавена е и нова опрема.
 
-Во 2017 година кога станав министер за внатрешни работи имаше само седум апарати за мерење на алкохол и 10 функционални радари за мерење на брзина. Набавивме нови радарски системи, дигитални радари кои мерат брзина и ноќе за првпат во земјава, крајната цел е намалување на жртви, рече Спасовски.
 
Тој посочи дека во 2020 година имало само 125 жртви, а тоа е најмалата бројка од  1990 до денеска.
 
-За пример во 2013 имало 198 жртви,  но далеку сме од европскиот просек, теба да се работи , паралелно новите патишта, реконструкцијата придонесуваат за зголемена безбедност во сообраќајоит, како и осветлувањето, пешачките патеки, велосипетските патики, секако и зголемувањето на свесноста на граѓаните. Секој еден е важен во битката за безбедноста во сообраќајот, рече тој.