23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Управните служби работат во две смени и за викенди за да се обезбедат лични документи за граѓаните

Секоја година ако се исклучи 2020 поради пандемијата особено во летниот период има зголемен интерес за документи, сега се олабавија мерките, грѓаните од другите држави имаат потреба да се вратат и да добијат документи, другите ги обновуваат и токму поради тоа дојде до зголемен обем, рече во гостувањето на МТВ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Четири дена правевме надградба на системотза  миграција на податоците, но морам да истакнам дека имаме сериозно зголемување на барањето на лични документи, на пример во јуни  оваа година граѓаните аплицирале 42.000 патни исправи, 10.000 возачки, 30.000 лични карти, а само од 5 јули до 14 јули имаме 41.864 барања за лични документи, за една недела имаме барања колку за цел месец јуни, сето тоа бара и поинаква организација на делот за управни работи, двосменска работа, и викенди. Службите добиваат по 3000 повици за лични документи и повеќе од 1000 граѓани преку електронското пријавување, појасни министерот Спасовски.

Тој рече дека обрасци има доволно, секој граѓанин ќе добие патна исправа, мора да се има трпение бидејќи капацитетите се тие кои се користат во полн обем.

-Нормално е по здравствена криза и затварање на општество нормално е сега кога може да се движат да бараат документи, наше е да ги обезбедиме, рече тој.