23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Првата група од 121 турист од Холандија пристигна во Охрид

Првата група од 121 турист од Холандија со чартер лет пристигна на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид.

Во чест на првите гости од Холандија беше организиран и свечен дочек.

„Имам посебно задоволство како министер за економија да им посакам пријатен престој на гостите од Холандија што после едена година застој поради пандемијата со Ковид-19 повторно го избраа Охрид и Македонија за своја туристичка дестинација. Нашата земја има што да понуди за странски туристи, од културно-историски знаменитости, преку традиционалната храна, до богат ноќен живот за оние кои преферираат забава. Холандските туристи за нас се традиционални гости со кои не врзуваат многу емотивни спомени од минатото. Благодарение на тур-оператотот ТУИ кои има јасна визија и доверба во Република Северна Македонија очекуваме бројот на холандските посетители и гости постојано да се зголемува“, кажа министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, присуствотото на туристи од Холандија ќе охрабрува и туристи од други земји да ја посетат нашата земја.

Оваа година се очекуваат со чартер летови секој понеделник и петок до 26 септември да пристигнат околу 2.500 до 3.000 туристи, преку тур-операторот ТУИ кој оперира во нашата земја од 2011 година.