22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Социјалната заштита за нас останува врвен приоритет, ја намалуваме старосната граница и го зголемуваме опфатот на деца кои добиваат лична асистенција

– СДСМ останува целосно посветена на вистинска грижа за најранливите категории и унапредување на системот за социјална заштита, велат од СДСМ во соопштението лиферувано утринава кое го пренесуваме во целост:

Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од18 на 6 години.

Личен асистент ќе може да добие секое дете со веќе навршени шест години со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете.

На овој начин се овозможува индивидуална помош и поддршка на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.

Се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец, со овие законски измени.

Оваа мерка значи помош и поддршка на родителите во секојдневната грижа за нив, како и поттик за личниот и образовниот развој на децата.

Детската и социјалната заштита остануваат наш врвен приоритет.

Токму затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и нудат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете.

Како одговорна партија посветена на интересите на граѓаните, продолжуваме да ги следиме нивните потреби и барања и да спроведуваме мерки и политики кои го унапредуваат нивниот квалитет на животот.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК