21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

146 возачи казенети во Скопје, 31 за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (16 јули) спровела засилени акциски контроли на територијата на Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возачи почетници, 11 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 18 санкции за возење под дејство на алкохол, три санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за управување на нерегистрирани возила, 44 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР порачуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во текот на викендот.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +