23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Извештај на ОН: Македонските институции се развиваа и покрај коронакризата

„Агенцијата за вработување ја презема и спроведе мерката за самовработување иницирана од Обединетите нации и имаше придобивки од градењето капацитети на вработените во 30-те центри за вработување“, се вели во годишниот Извештај за резултатите на ОН за Северна Македонија за 2020 година. Оттаму ги поздравуваат напорите на институциите кои, како што велат, ги подобриле капацитетите за развој, особено во периодот на коронакризата.

-Владините стимулативни мерки беа проширени за да се обезбедат надоместоци за невработеност за дополнителни 3.803 лица кои се исклучени поради заобиколување на прописите од страна на сопствениците на компаниите; а програмата за субвенционирање на минимална плата беше продолжена до јуни 2020 година. Со насочени интервенции и поддршка на ОН, беа обезбедени 314 долгорочни вработувања преку различен сет на активни мерки на пазарот на трудот; и беа основани 126 нови компании во рамки на ново- воспоставената поддршка за само-вработување на луѓето кои останаа без работа, се наведува во Извештајот на ОН.

Во него се потсетува и дека активностите што биле преземени меѓу 2016-2020 година дале забележителни резултати, со пад на стапката на невработеност од 40% , односно, од 26,1% во 2015 год. на 16,1% во третиот квартал во 2020 година.

– Како што се развиваше кризата со КОВИД-19, на барање на Владата, ОН подготвија Технички документ за правната и социјалната заштита на посебни категории на вработени лица, а тоа влијаеше и на подготовката на стимулативните мерки, се додава во Извештајот.